Голем скок на новозаразени лица во Италија

од Vladimir Zorba

Бројот на нови случаи на коронавирус во Италија денес скокна за 38 проценти, откако заразата е потврдена кај 552 лица.

Ваков голем дневен скок на нови случаи во Италија не се случил од крајот на мај, пренесува АП.

Една третина од новите случаи се пријавени во регионот Венето, каде биле тестирани 16.500 лица.

Гувернерот на овој регион на северо-исток на Италија, Лука Заја, рече дека новозаразените лица се оние кои неодамна се вратиле на одмор од Шпанија, Перу, Малта, Хрватска и Грција.

„Патувањето е ризик. Секој треба да одлучи каде сака да оди на годишен одмор, но вистината е дека сега гледаме поголем број пациенти кои се заразуваат на одмор“, рече тој.

Северна Италија беше епицентарот на инфекцијата во февруари, а повеќето заразени и фатални случаи беа регистрирани таму за време на пандемијата.

Денес починаа уште три лица, така што вкупниот број на жртви на вирусот корона во Италија е 35.190.

Слични содржини