Голем удар: Љубителите на книги поднесуваат масовни тужби против Амазон

од Stefanija Kuzmanovska

Читателите во неколку држави во САД поднесоа колективна тужба против малопродажниот интернет гигант Амазон, тврдејќи дека тој ги „напумпал“ цените на е-книгите во договор со група издавачи.

Во тужбата се тврди дека Амазон и издавачките куќи Penguin Random House, Hachette, HarperCollins, Macmillan и Simon & Schuster ги договарале цените на е-книгите, поради што потрошувачите плаќаат повеќе за нив кога купуваат на други платформи.

Околу 90 проценти од е- книгите се продаваат преку Амазон, најголемиот трговец во САД, се наведува во тужбата поднесена од адвокатската фирма „Хагенс Берман“. Слична тужба беше поднесена од адвокатската фирма во 2011 година против Епл Инк и „Големата петорка“, исто така, под сомнение за договарање на цени на е-книгите.

Амазон одби да даде коментар за „Ројтерс“ за тужбата.

 

Слични содржини