Голема грчка компанија сака да инвестира 200 милиони евра во С. Македонија

од Nikola Popovski

Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Дендиас вечерва на прес-конференцијата со неговиот македонски колега Бујар Османи изјави дека Грција сака да поддржи енергетска независност на земјата преку проекти за терминална станица Александрополи и останати поврзани проекти.

-Има интерес на голема грчка компанија да инвестира во Северна Македонија за инвестиција на станица за произведување на електрична енергија. Инвестицијата е во рангот на 200 милиони евра, информира Дендиас од Скопје.

Министерот додаде двете земји сакаат уште повеќе да ги продлабочат односите.

–Нашите економии се се поблиски и работиме сложено, потенцира Дендиас.

Слични содржини