Голема грешка на Ристовски, Португалија води! (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Португалската репрезентација поведе со 1-0 против Македонија со гол во 31. минута. Стрелец на голот беше Бруно Фернандеш после големата грешка на капитенот Стефан Ристовски.

Македонскиот капитен при една прилика да ја врати топката на средината на теренот, го направи тоа неуспешно, по што топката беше пресечена токму од стрелецот на голот. Тој направи кратко подавање со Роналдо, по што повторно ја доби топката во свои нозе и со шут од околу 20-тина метри го матираше Димитриевски.

До моментот на голот, нашите играа тактички добро и Португалците речиси и да немаа некоја посериозна шанса за гол.

Слични содржини