Голема победа на Бритни Спирс: Судот го одзеде старателството на нејзиниот татко

од Nikola Popovski

Судот во Лос Анџелес го прифати барањето на адвокатката Бритни Спирс и синоќа го одзеде старателството на нејзиниот татко, што е голема победа за пејачката, која конечно ќе може да ги контролира финансиите и приватниот живот.

Судијката Бренда Пени го суспендираше 69-годишниот Џејмс П. Спирс како старател и управник на нејзиниот имот вреден 60 милиони долари, за кој Бритни се бори од 2008 година.

Откако ги слушна двете страни, судијата се согласил со законскиот застапник на Бритни Спирс, дека суспензијата на нејзиниот татко е во најдобар интерес на пејачката.

„Сегашната ситуација не е одржлива“, рекла Пени.

Во меѓувреме, судот го назначил калифорнискиот сметководител Џон Забел за привремен менаџер на финансиите на пејачката.

Оваа голема судска победа се случи по 13 години долго старателство, и откако Бритни одлучи јавно да проговори за проблемот што го има во врската со нејзиниот татко. Старателството и контролата врз нејзините финансии беа воведени уште во 2008 година на барање на нејзиниот татко, кој побара контрола над нејзиниот живот, а како причина ја наведе борбата со менталното здравје.

Иако тврдеше дека целиот аранжман е доброволен и неопходен за заштита на благосостојбата на неговата ќерка, тврдејќи дека тоа и го спасува животот, кон средината на август оваа година одлучи да поднесе барање за негово прекинување.

Слични содржини