ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Фудбалер на Лацио загина во сообраќајна несреќа!

од Stefanija Kuzmanovska

Младиот фудбалер на Лацио, Даниел Гуерини, загина во средата вечерта по страшна сообраќајна несреќа, пренесуваат италијанските медиуми. Момчето, кој неодамна наполни 19 години, било во автомобил со уште двајца кои претрпеле сериозни повреди и се наоѓаат во критична состојба.

Како што се наведува, со автомобилот марка Мерцедес со кој се судрил, управувал 68-годишен маж, но неговата состојба по несреќата не е наведена.

Гуерини е роден во Рим и тренираше во Лацио се до својата 16 година. Оваа зима се врати во главниот град, откако го посетуваше младинското училиште во Торино. Претходно тренираше и во Фиорентина и во СПАЛ и беше член на италијанската репрезентација до 15 и 16 години.

Слични содржини