Голема трагедија за уругвајскиот фудбал: Поранешен напаѓач на Виљареал се удави во река

од Nikola Popovski

Уругвајскиот фудбалер Франко Акоста (25) беше трагично убиен во својата татковина.

Поранешниот напаѓач на шпански Виљреал беше пронајден мртов по тридневно пребарување. Акоста исчезнал во саботата, кога отишол на река на југот на Уругвај да вози кајак.

Последен пат бил виден во саботата и од тогаш се трага по него, а сега е пронајден мртов. Локалните власти потврдија дека тој се обидел да ја премине реката и дека водата го повлека, па што се удавил.

Во текот на својата кариера, Акоста играл најмногу како напаѓач, а покрај Виљреал, тој играл и за Феникс, Бостон, Плаза и Атина и бил најдобар стрелец во јуниорските категории на репрезентацијата на Уругвај.

Слични содржини