Голема вест за Италија: Конте објави кога ќе се олабават мерките, чекаат потврда од научниците

од Aleksandar Petrovski

Италија би можела да започне со постепено укинување на ограничувањата за сузбивање на коронавирусот до крајот на април доколку продолжи успорувањето на ширењето на епидемијата, изјави италијанскиот премиер Џузепе Конте за Би-Би-Си во четвртокот.

„Треба да избереме сектори што можат да продолжат со нивните активности. Ако научниците го потврдат ова, би можеле да започнеме да релаксираме некои мерки веќе кон крајот на овој месец“, рече Конте.

Конте предупреди дека олабавувањето на мерките ќе биде постепено.

Во средата, од коронавирусот во Италија починале 542 лица, а 604 ден порано.

Во Италија умреле вкупно 17.669 лица, додека во средата имало 3.693 на ооделенијата за интензивна нега и 3.792 ден порано.

Веќе петти ден по ред, бројот на Италијанци сместени на одделенијата за интензивна нега се намалува. Поради овие трендови, надлежните се надеваат дека вирусот се повлекува поради наметнатиот карантин.

Сепак, во средата беше објавено дека се потврдени 3.836 нови случаи на инфекција, што е пораст за 3,039 во однос на вторникот.

Севкупно, коронавирусот е потврден кај 139.422 лица во Италија, при што само САД и Шпанија имаат повеќе заразени.

Италија воведе карантин на 9 март, а две недели после тоа, Конте објави дека се затвораат сите несуштински работни места, вклучително и производство на автомобили, облека и мебел.

Компаниите во развиениот индустриски север од Италија бараат од владата да ги отвори фабриките за да спречи економска катастрофа.

Здружението на работодавци Confindustrija, кое ги претставува компаниите во северните региони – Ломбардија, Венето, Пиемонт и Емилија-Ромања – кои го сочинуваат 45 проценти од БДП на Италија, ја повика владата во средата да претстави план за враќање на работа.

Слични содржини