ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ВО АЛБАНИЈА: Куќите во Скадар останаа без струја, армијата го евакуира населението (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Околу 200 приватни куќи во албанската општина Скадар беа поплавени поради обилните врнежи од дожд што паднаа претходните денови, но и од излевањето на реките, а албанската армија евакуираше бројни домаќинства.

Според порталот „Albania Daily News“, бројни куќи во општина Скадар и селото Ливаде останале без струја и вода и биле отсечени од светот, а некои патишта може да се минуваат само со чамци.

Општината побара од владата да прогласи вонредна состојба во некои делови од неа.

Ситуацијата е сериозна и во општина Валона, каде поплавите создадоа сериозен сообраќаен хаос.

Слична е состојбата и во пристаништето Драч, каде сообраќајот на мали и средни пловни објекти е прекинат, а спорадични поплави се забележани во градот Лушња, каде нивото на водата достигнало 30 сантиметри.

Слични содржини