Големиот противник на Макрон првпат во јавноста со 35 години години помладата љубовница

од Milan1

Оженетиот француски новинар и коментатор од екстремната десница Ерик Земур (63) е виден со својата трудна соработничка откако јавноста откри дека Сара Кнафо (28) го чека своето дете.

Земур и неговата млада соработнчка го посетија Марсеј, а францускиот магазин „Клосер“ откри детали за нивната врска откако нивното барање за заштита на приватноста беше одбиено на суд.

Насловот на статијата гласеше: „Ерик Земур ќе стане татко во 2022 година“, истата година кога Земур, кој е познат по своите ставови против имиграцијата и исламот, поради кои беше отпуштен во дневен весник во 2009 година, веројатно ќе се бори за место на францускиот претседател против актуелниот лидер на таа земја, Емануел Макрон.

Критичарите велат дека во однос на Земур, поради неговите екстремно десничарски ставови за имиграцијата, Марин Ле Пен изгледа млако. Поради неговите говори, тој беше нападнат и од здруженијата за човекови права, кои велат дека тој ја поттикнува расната нетрпеливост.

Тој беше наречен „пророк на песимизмот“ и „продавач на апокалипсата“, а неговите презентации се полни со историски референци за Наполеон и Јованка Орлеанка.

Во текот на претходната деценија, Земур редовно беше на врвот на листата на бестселери со своите книги во кои тврдеше дека Франција ќе „исчезне“ или ќе стане „Исламска република“ доколку не ја потисне имиграцијата.

Јавноста за Земур и неговата 35-годишна љубовница дозна во текот на летото кога новинарите ги снимија како разменуваат нежности додека заедно пливаат во морето, а интересно е што магазинот „Клосер“ во октомври објави текст за Земур и неговата сопруга со која се оженил во 1982 година.

Двојката има три деца, а новинарите тврдат дека од јавен интерес е да се дознае за неговата афера со младата Кнафо.

Слични содржини