Големиот Роналдо: Притрча да му помогне на редар кој падна во несвест (ФОТО)

од Nikola Popovski

Од натпревар во натпревар, Кристијано Роналдо покажува каков извонреден играч е, а покажа и каков човек е.

На загревањето пред натпреварот од Лигата на шампионите што Манчестер го игра на гости во Швајцарија против Јанг Бојс, се случи инцидент пред почетокот на натпреварот.

Еден од редарите падна во несвест откако топка го погоди во главата, а Кристијано Роналдо веднаш истрча да помогне.

Во непосредна близина беа и други редари, кои притрчаа да му помогнат на несреќниот човек.

Роналдо успеа да постигне гол во 13-та минута од натпреварот, што е негов трет гол во вториот натпревар за Јунајтед откако повторно се врати во клубот од Манчестер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 433 (@433)

Слични содржини