Големо истражување за маските што „никој не е доволно храбар да го објави“, тврдат дански научници

од Vladimir Zorba

Голема студија за ефикасноста на маските е спроведена во Данска на повеќе од 6.000 луѓе, но авторите, дански лекари, велат дека никој не е доволно храбар да ја објави.

Студијата истражуваше колку маските се ефикасни во заштитата од коронавирусот и беше спроведена во април. Според авторите, тие ја понудиле на многу научни списанија, но тие биле одбиени, пренесува РТ.

Половина од учесниците во истражувањето носеле маски, додека другата половина не во тек на еден месец. Потоа биле тестирани за вирусот и антитела.

Авторите на студијата не сакаат да зборуваат за нејзините резултати, но тврдат дека реномирани научни списанија, како што се „Lancet“, „New England Journal of Medicine“ или „JAMA“, не сакале да го објават, не затоа што е лошо имплементирана или затоа што нејзината методологија не била добра, но поради нејзините резултати.

„Не можеме да зборуваме за тоа од што не беа задоволни. За да го сториме тоа, треба да ги објавиме резултатите што ги постигнавме. И ние не го сакаме тоа додека не се објави“, рече Кристијан Торп-Педерсен, професор и раководител на одделот за истражување во болницата Норт Зеланд во Данска.

Новинарот на „Њујорк Тајмс“, Алекс Беренсон објави е-пошта што ја добил од Томас Ларс Бенфилд, професор на Универзитетот во Копенхаген и еден од авторите на студијата, кој на прашањето кога ќе биде објавена студијата, одговори „кога некое списание е доволно храбро да објави “.

Од почетокот на пандемијата на коронавирус, се води научна дебата за тоа колку заштитуваат маските, а многу здравствени власти во различни земји го сменија мислењето, вклучувајќи ги и оние од Светската здравствена организација.

loading...

Слични содржини