Големо намалување на цените на бенизните и дизелот

од Берта Китинска

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,28 % во однос на Одлуката од 29.11.2021 година.

-Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 3,50 денари/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 3,016 денар/килограм и сега ќе изнесува 38,527 ден/кг.

Од 07.11.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 73,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 62,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 38,527 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот за 8,896%, кај дизелот за 8,559 %, кај екстра лесното масло за 8,364 % и кај мазутот намалување е за 8,599%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,599 % , соопштија од РКЕ.

Слични содржини