Големо невреме на Босфорот: Урнати објекти, има починати (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Катастрофално невреме попладнево го погоди Истанбул и други делови на Турција, при што загинаа четири лица. Повредени се 19 лица.

Невремето предизвика голема материјална штета во градот со 15 милиони жители.

Според турските медиуми, една жена загинала во квартот Есенјурт во Истанбул, каде силните налети на ветерот откорнале дел од покривот што паднал врз неа и врз нејзиното дете, јавува државната агенција Анадолија.

Детето преживеало, но се здобило со тешки повреди.

На другиот крај од градот, била срушена саат-кула, откорнати дрвја и превртени најмалку три камиони.

Босфорот, тесен воден пат што го дели градот, е затворен за поморски сообраќај, а превозот со фериботи е откажан.

Најмалку шест летови на авиони на Туркиш ерлајнс кои требаше да слетаат во Истанбул се пренасочени кон градовите Анкара и Измир, изјави портпаролот на авиокомпанијата.

Силните ветрови, исто така, ги принудија властите да ги откажат фериботите меѓу крајбрежните одморалишта Бодрум и Датча.

 

Слични содржини