Големо невреме во Охрид, се санираат штетите

од Nikola Popovski

Екипи на ЈП „Охридски комуланец“ синоќа интервенирале на улиците, после големото невреме што го зафати Охрид во текот на попладневните часови.

Од таму информираат дека дошло до огромна штета, при што беше откорната кровна конструкција од станбена зграда, а имаше и паднато билборд во центарот на градот.

Силниот ветер, проследен со дожд и град откорна дрвја, искршил и гранки и искинал кабли од телефонски и телевизиски оператори во градот.

Градоначалникот на градот, Кирил Пецаков информира дека излегле на терен, заедно со надлежните служби.

-Заедно со екипите на јавните претпријатија, територијалната противпожарна единица и надлежните служби излеговме веднаш на терен се организиравме и ги усогласивме активностите за што поскоро граѓаните да можат непречено да функционираат, објави Пецаков.

Слични содржини