Големо признание: Начевски и Николов ќе го судат финалето на ЕП!

од Aleksandar Petrovski

Европската ракометна федерација попладнево објави дека македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ја добија честа да го судат финалето на Европското првенство.

За Николов и Начевски тоа ќе биде прво големо финале на сениорско натпреварување. Додека судеа натпревари во младинска конкуренција имаа едно финале на Светско првенство за младинци.

Слични содржини