Голманот на Камерун исфрлен од репрезентацијата пред мечот со Србија

од Stefanija Kuzmanovska

Голманот на Камерун, Андре Онана, е отстранет од националниот тим во пресрет на натпреварот против Србија на Светското првенство во 2022 година во понеделник, објави „Франс прес“, повикувајќи се на извори во Фудбалската асоцијација на Камерун.

Голманот наводно добил отказ поради дисциплински причини, додава истиот извор, без да ја прецизира причината или времетраењето на ова исклучување.

„Онана е исфрлен од репрезентацијата, малку си го комплицираме животот“, објаснил овој извор, додавајќи дека голманот на Интер бил заменет со Дејвис Епаси, кој игра во саудиската Абха.

Слични содржини