Голманот на ПСЖ за Нејмар: Го гледам во Реал или повторно во Барса

од Vladimir Zorba

Голманот на ПСЖ, Кевин Трап изјави дека не знае дали ѕвездата на францускиот фудбалски гигант, Нејмар ќе остане во тимот и наредната сезона.

Бразилецот, кој во моментов лекува повреда, беше донесен од Барселона минатото лето за рекордни 222 милиони евра, но според шпекулациите тој ќе премине во Реал Мадрид по Мундијалот 2018.

„Нејмар е неверојатно талентиран фудбалер. Тој го носи тимот за кој игра на следното ниво. Умее на исклучителен начин да ги менува ситуациите на теренот. Еден прекрасен ден, тој можеби ќе премине во Реал или пак ќе се врати во Барселона. Не знам, но ние сме среќни што тој сега е дел од ПСЖ и се надеваме дека ќе остане долго време во клубот“, рече Трап.

Слични содржини