„Google“: Надворешни програмери имале пристап до податоците на 52 милиони корисници

од Vlatko K

Службеници на американската корпорација „Google“ открија недостаток во софтверот, поради кој странични програмери имале пристап до податоците на 52,5 милиони корисници на социјалната мрежа „Google Plus“, се вели во изјавата од раководството на интернет пребарувач.

Овој недостаток бил содржан во обновениот софтвер објавен во ноември. Бил отстранет една недела подоцна.

Од корпорацијата не нашле податоци за криминално користење на дадената информација.

Претставниците на „Google“ истакнаа дека во врска со инцидентот имале намера порано, отколку што се очекувало, да ја прекинат работата на „Google Plus“ за обичните корисници.

Планираа тоа да се случи во август 2019 година, но најверојатно ќе се случи уште во април.

Очекуваната верзија на „Google Plus“ за корпоративни клиенти ќе остане достапна.

Слични содржини