Google основа компанија за развој на лекови

од Vladimir Zorba

Alphabet, матичната компанија на Google, основаше нова подружница за откривање и развој на лекови. Isomorphic Labs ќе користи истражување од DeepMind, лабораторија за вештачка интелигенција со седиште во Лондон, исто така во сопственост и управувана од Alphabet.

Во моментов, деталите за Isomorphic Labs се оскудни. Сепак, ова не е прв потег на Alphabet во областа на медицината, потсетува Engadget. Филијалите на компанијата веќе проучуваат различни аспекти на здравјето на луѓето. Меѓу нив е и Verily, кој работи на различни проекти, од хируршки роботи до контактни леќи кои го следат нивото на гликоза кај дијабетичарите. Друг проект, Calico, си постави амбициозна цел да го надмине стареењето.

Isomorphic Labs ќе се фокусира исклучиво на откривање лекови и нови технологии кои можат да помогнат во развојот на медикаменти. Новоформираната компанија соопшти дека нејзината цел е да го „преиспита“ процесот на развој на нови лекови со пристап базиран на вештачка интелигенција.

„Веруваме дека фундаменталната употреба на најсовремените методи на пресметување и вештачка интелигенција може да им помогне на научниците да ја подигнат својата работа на следното ниво и значително да го забрзаат процесот на откривање нови лекови“, рече Демис Хасабис, основач и извршен директор на Isomorphic Labs.

Една неодамнешна студија покажа дека создавањето на нов фармацевтски производ чини во просек 1,3 милијарди долари. Голем дел од оваа сума е поврзана со самиот процес на развој.

Слични содржини