Google повлече околу 600 апликации од својата продавница со 4,5 милијарди преземања заради несоодветни реклами

од Vladimir Zorba

Google Play нуди разновидна колекција на содржини од App Store и затоа е попосакувана цел за хакери. Ова бара компанијата да направи дополнителни напори за да ги заштити корисниците на Android од разни закани на Интернет. Google воведе голем број ограничувања и, исто така, ги смени правилата за преземање на апликации во онлајн продавницата за да не заштити од злонамерна содржина. Во текот на изминатата година, филтрите на технолошкиот гигант блокирале над 99,9% од сите можни закани за сопствениците на паметни телефони, што е прилично импресивно достигнување.

Компанијата продолжува да работи со своите партнери ширум светот за да го направи Google Play најбезбеден портал за апликации. Од BuzzFeed сега не известуваат дека Google повлекло скоро 600 апликации од онлајн продавницата поради кршење на правилата. Во овој случај, се работи за наслови што шират малициозни реклами и ги намамуваат потрошувачите кон разни измами. Cheetah Mobile е еден од развивачите кој стана предмет на најновите ограничувања на Google. Апликациите на компанијата не се преземаат и исто така се исклучени од рекламните мрежи на технолошкиот гигант.

Во официјална изјава, Google потврди дека предметните апликации се преземени над 4,5 милијарди пати за Android. Нивните развивачи се регистрирани во Хонг Конг, Кина, Сингапур и Индија, со наслови што ги таргетираат сопственици на паметни телефони со Android, кои говорат англиски. Компанијата не го објави целиот список на блокирани апликации бидејќи тие веќе не се достапни за корисниците. Откривањето на 600 вакви наслови е резултат на новата стратегија на Google за пронаоѓање и неутрализирање на злонамерната содржина на Google Play побрзо и поефикасно.

Слични содржини