163
Жителите на Општина Ѓорче Петров денеска повторно излегоа на протест. Тие го искажаа својот револт против дивеењето и трките на улицата „Борис Сарафов“.
Им порачаа на надлежните дека не се чувствуваат безбедно, бидејќи на градската улица нема ниту пешачки премини.
„Доколку нашите барања не се исполнат во најбрз можен рок, протестите ќе продолжат со 24 часовно блокирање на улицата сè додека не се реши проблемот со дивеењето и брзото возење“, порачаа тие.
Претходно, жителите на оваа скопска општина протестираа поради градењето на згради во месноста „Јурија“.