Ѓорчев: Бучковски е добредојден во процесот за решавање на спорот

од Nikola Popovski

Поранешниот македонски амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев смета дека во моментов нема шанси за приближување во решавање на спорот со Софија.

„Уште во првата половина на 2018 година почна една внатрешна битка во бугарското општество „за“ и „против“ Македонија, во смисла на поддршка на земјата за почнување преговори или за расчистување на историските разлики и за жал победи другата страна“, вели Ѓорчев за вестите на ТВ 24.

Според него, Бучковски е добредојден во вклучување за решавање на спорот и тој е добро решение.

„Тој има свои контакти таму и ќе се обиде да го изнесе ставот на македонската влада. Сепак, сметам дека овој процес е долгорочен и ќе трае најмалку 5 до 7 години за опоравување на меѓусебните процеси“, истакнува Ѓорчев.

Слични содржини