Ѓорчев: Да бев пратеник ќе ја препуштев мојата „пратеничка“ вакцина на некој постар

од Берта Китинска

Да бев пратеник, денес немаше да се вакцинирам. Ќе ја препуштев мојата “пратеничка” вакцина на некој постар, некој со хронични заболувања, некој медицински работник, лице со посебни потреби или слична категорија, пишува Влатко Ѓорчев на својот Фејсбук профил.

-Не е во ред пратениците да добијат привилегија меѓу првите да се вакцинираат. Ако ја добијат, тогаш треба да ја одбијат.Имам разбирање ако се вакцинира пратеник НАД 65 години, со хронични заболувања, исто како другите граѓани.

Не е во ред да се вакцинира некој пратеник со 27, 30 или 40 години, во добра здравствена состојба.Фијаското на Владата и министрите со вакцините е огромно, а последиците се илјадници загубени човечки животи. Тоа е нивниот срам и дебакл.Ќе се вакцинирам кога ќе ми дојде редот. Секој носи своја лична одлука, а јас го кажав моето лично мислење, напиша Ѓорчев.

Слични содржини