Ѓорчев: Кенија, Руанда, Судан, Гамбија и Сенегал добија вакцини пред Македонија

од Берта Китинска

Вчера Кенија доби еден милион вакцини од „АстраЗенека“, Руанда 340 000 вакцини, Судан 800 000, Гамбија 36 000 вакцини, Сенегал 324 000 вакцини. Пред неколку дена Молдавија доби 21 000 вакцини од ЕУ. Владата на Зоран Заев и Венко Филипче не доби ништо, изјави, денеска на прес-конференција, Владимир Ѓорчев од ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, со набавката на вакцини за земјава се случува дебакл и фијаско, поради што бара оставка од Владата.

„Во Македонија се умира како никогаш досега. Три илјади и сто граѓани на Македонија со своите животи ја платија неспособноста на Владата на Зоран Заев и на Венко Филипче. За една година, колку што имаа можност да нарачаат и да набават вакцини, тие добија само една кутија милостина со просење и ништо повеќе.
Од тие причини веднаш и час поскоро треба да си поднесат оставка. Ова што се случува со вакцините во Македонија, со немањето на имунизација е катастрофа, дебакл и фијаско кое што секој ден граѓаните на Македонија го плаќаат со изгубени животи“, рече Ѓорчев.

 

Слични содржини