Ѓорчев: Македoнија даде се во чекорењето кон ЕУ, ние се реформираме перманентно

од Берта Китинска

Поранешниот амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев смета дека клучна пресвртна точка на патот на земјава кон ЕУ е блокадата од францускиот претседател Макрон од 17. октомври 2019 година.

-Од тогаш почна се. Заради Република Албанија и нивните проблеми со уставниот поредок, високиот степен на криминал и корупција, наводно ние бевме закочени но факт е дека, ние со онаа жртва што ја направи РМ со промената на уставното име и членството во НАТО и кога сето тоа беше реализирано, и потенцирано од европска страна дека ако го решите спорот со Грција и станете членка на НАТО, веднаш ќе бидете примени во ЕУ, со блокадата на Макрон започна одот по маките на нашата македонска држава, вели Ѓорчев за „Утрински Брифинг“.

Тој вели дека нашата приказна секогаш треба да го афирмира нашиот македонски сон.

-Прво дека Македонија даде се во ова чекорење кон ЕУ, кое според мене трае повеќе од 25 години. Ние се реформираме перманентно, ги усвојуваме европските вредности и сме многу понапред од други европски држави. Второ, ние ќе продолжиме тоа да го правиме без разлика во каква констелација ќе не постават овие одлуки на Европскиот парламент и Советот на политичките лидери на ЕУ во јуни. Ние ги правиме тие реформи заради македонските граѓани, за подобар живот за нас и нашите поколонија, не ги правиме заради ЕУ. Работиме некогаш успешно, некогаш помалку успешно, но морам да напоменам дека Унијата кон нас беше многу неправедна, рече Ѓорчев.

Слични содржини