Ѓорчев на средба со повеќе конгресмени во Вашингтон

од Vladimir Zorba

Владимир Ѓорчев, меѓународен секретар и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со сенаторот во Сенатот на САД Тед Круз, како и средби со високи конгресмени во Вашингтон.

„Заеднички го градиме пријателството и сојузништвото меѓу Македонија и САД. Сенаторот Тед Круз секогаш е добар соговорник“, вели Ѓорчев, цитиран од ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорчев, остварил средба и со сенаторот Дан Коуц, кој беше шеф на државното разузнавање и советник на Доналд Трамп од 2017 до 2019 година.

„Македонија мора да има активна надворешна политика. Важно е да градиме силни пријателства и партнерства во САД. Со силна надворешна политика, ги јакнеме нашите македонски позиции. Уште еднаш, тоа е важно за Македонија“, истакнал Ѓорчев на средбата.

Тој при посета во Вашингтон остварил средби со Републиканецот Бил Хуизенга, со конгресменот Роберт Питенџер, како и со Брент Мекинтош кој е актуелен потсекретар во Министерството на финансии на САД за меѓународни работи, со пратениците Елен Тране Норби од Данска, Емануелис Зингерис кој е потписник на актот за независна Литванија и пратеник од 1990 година до сега.

Ѓорчев имал и свое обраќање во Сенатот на САД во Вашингтон на парламентарниот форум за безбедност пред околу 200 учесници – сенатори, конгресмени, парламентарци од околу 40 земји, амбасадори, професори, експерти.

Слични содржини