Ѓорчев: Не бев повика и не учествував во преговорите за Договорот со Бугарија

од Берта Китинска

Во своето гостување во „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија , поранешниот македонски амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев посочи дека требало да биде повикан од власта пред потпишување на Договорот за добрососедство со цел да ги изнесе своите ставови согледувања за општата бугарска слика и кои се нивните аспирации.

-Она што е добро во Договорот е изразот на политичка волја каде двете земји Бугарија и Македонија сакаат да ги подобрат своите односи: пријателски, социјален, економски.. Лошото е тоа што Договорот беше поставен на почетокот на нерамноправна  основа, ако сакате да имате успех треба да бидете рамноправни во сите аспекти. Конкретно за прашањето на историјата, Бугарија како постара држава го превзема местото на Балканот и го зазема ставот дека Македонија е бугарска земја и нема што да се разговара  втората негативна димензија е отсуството на етничката грижа, вели  Ѓорчев .

Тој додаде дека како амбасадор не бил повика од страна на екипата од Скопје која дошла да преговара со цел да го изнесе својот став и согледувања за општата бугарска слика.

Слични содржини