Ѓорчев: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ треба да изгласаат во Собранието заедничка стратегиска позиција за Бугарија

од Vladimir Zorba

Бугарија има проблем со реалноста за постоењето на македонската нација и македонски јазик, изјави последниот македонскиот амбасадор во Софија, Марјан Ѓорчев во „Трилинг“.

Според него, тој проблем не е од Договорот потпишан во 2017 година.

– Ако Бугарија се согласи дека нашата историографија, нашите историски докумнети, нашите напишани томови книги за македонската историја се легитимни и дека ние сме единствената држава што го носи името Македонија и да се согласи дека државата содржи Македонија во нашето име, а тоа претставува 100 отсто од државната територија, ние имаме потпоплно право поимот Македонија и Македонец да го употребуваме како наша јазична, државотворна и национална димензија. Тогашможе да се претпостави дека тие го надминале проблемот со постоењето на македонската нација и јазик и тогаш може да се бара решение на политичко ниво, вели Ѓорчев.

Смета дека двете најголеми партии во земјава, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ треба да имаат во предвид дека Македонија треба да има стратегиска позиција, изгласана во македонското Собрание, како што има и Бугарија.

– Тоа ќе им даде одврзани раце не само на актуелната позиција на СДСМ и на ДУИ како партнер, туку ќе даде и легитимитет на било која идна македонска влада која ќе знае каде се македонските црвени линии, додава поранешниот амбасадор.

Слични содржини