Горчлива вистина за чоколадото – 1,5 милиони деца берат какао секој ден

од Stefanija Kuzmanovska

Нова студија од Универзитетот во Чикаго открила зголемување на детскиот труд во глобалното производство на какао.

Според студијата, нарачана од Министерството за труд на САД, 43% од децата на возраст меѓу пет и 17 години во регионите на Гана и Брегот на Слоновата Коска каде се што одгледува какао (најголемите светски производители на какао) се вклучени во опасна работа.

Вкупно околу 1,5 милиони деца ширум светот работат во производство на какао, од кои половина се наоѓаат само во овие две западноафрикански земји. Во извештајот се наведува дека опасната работа вклучува употреба на остри алатки, ноќна работа и изложеност на агрохемиски производи.

Вкупниот удел на деца кои работат пораснал за 14% во изинатата деценија, се наведува во извештајот.

Слични содржини