„ГОРЕШЕ асфалтот“: Доктор и медицинска сестра од Брзата помош раскажаа за трагедијата

од Берта Китинска

Првото нешто што видовме беше како гори силно автобусот, велат д-р Бојко Господинов и медицинската сестра Албена Крумова од Итната помош во Перник кои први стигнале до запалениот македонски автобус на автопатот Струма.

„Првото нешто што го видов беше колку силно гореше автобусот. Колку беше повисоко, толку повисок беше пламенот. Имаше истурено гориво – се запали дел од горивото на асфалтот. Самиот асфалт гореше“, раскажа д-р Господинов за БТВ.

Лекарот и медицинската сестра веднаш поминале низ заштитната ограда за да помогнат.

„Неколку луѓе дојдоа до нас. Брзата помош генерално има три седишта – едно лежечко и две седечки. Најтешко повреденото лице беше ставено на носилка, уште две – на седиштата, а еден – да седи на подот од брзата помош“, изјави докторот.

Брзата помош ги пренела настраданите во Пирогов.

Медицинската сестра Албена Крумова се сеќава на ужасот во очите на луѓето кои излегоа од запалениот автобус.

„Девојката беше боса, претпоставувам дека е 17-годишна девојка, најмногу контактиравме со неа. Лицето и рацете и беа поцрнети, со рани од изгорениците, што поскоро ги однесовме во Брза помош за да ги пренесеме“, изјави медицинската сестра.

Фото:БТВ

Слични содржини