Гореше и Париз: Масовни изливи на незадоволство и бес на француските улици поради убиството на Флојд (видео)

од Nikola Popovski

Француската жандармерија употребила солзавец за да ги растера демонстрантите од улиците на Париз, кои запалиле контејнери во знак на протест против расната неправда, полициска бруталност и насилната смрт на Американецот Џорџ Флојд во Минеаполис.

На почетокот демонстрантите клекнале со кренати тупаници, додека пожарникарите се обиделе да го изгаснат пожарот што горел на улиците на француската престолнина, но протестите наскоро се претвориле во масовен излив на бес и уништувања, објавува АП.

Како што се наведува, синоќешните протести потсетуваат на масовните, насилни демонстрации што се случија во Париз, а потоа и во други градови во Франција, по повод смртта на црнецот Адам Траоре во полициски притвор во париското предградие Бомонт-сур-Оас во 2016 година.

Бранот јавни немири, протести и грабежи се прошири низ САД во текот на изминатата недела по смртта на Афроамериканецот Флојд за време на неговото апсење. Демонстрации со солидарност со демонстрантите кои протестираат против смртта на Џорџ Флојд, се одржаа во Германија, Канада, Ирска и други земји.

Слични содржини