Ѓорѓе Иванов му даде поддршка на Александар Николоски

од Берта Китинска

Потпретседателот и носител на изборна единица 4 Александар Николоски денеска на средба во Валандово добил поддршка од поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

„Денес сум горд што добив поддршка од претседателот Ѓорге Иванов. Претседателот Иванов мојот професор од студентските денови од кого научив многу за политиката која сега ја применувам е најчесниот и најискрен претседател кого Македонија го имала. Далеку најголем патриот на чело на државата. Човек кој се спротистави на националното обезличување на Македонија. Неговата визија и совети се од голема помош за мене во оваа кампања. Денес во неговото родно Валандово разговараме за иднината на Македонија. Ќе ја направиме економски силна, а народот национално горд. Заедно ќе победиме во четворката и во цела Македонија“, напиша Николоски на својата официјална фејсбук страница.

Слични содржини