Ѓоргевски: СПЦ ја врати МПЦ 55 години наназад

од Берта Китинска

Соборот на СПЦ денеска го одобри канонското единство на СПЦ со таканаречената Македонска православна црква, односно „Охридска архиепископија“. Собранието соопшти дека со „благодарност на Господ и со радост“ го поздравува прифаќањето на општопризнатиот канонски статус, најшироката можна автономија и целосна независност на Македонската православна црква – Охридската архиепископија, доделен во 1959 година.

За новинарот и црковен аналитичар Бранко Ѓоргевски оваа одлука е разочарувачка бидејќи македонското црковно прашање се враќа за 55 години наназад.
-Ова е една разочарувачка вест која денеска ни дојде од Белград, од причина што според мене и она што е соопштено значи едно враќање на македонското црковно прашање за цели 55 години наназад, односно ние се враќаме во една позиција којашто одамна сме ја напуштиле, коментира Ѓоргевски за „Локално“.

Тој вели дека со оваа одлука нашата црковна позиција повторно се става во рамките на СПЦ, изразувајќи надеж дека нашите владици не се договориле со СПЦ за тоа дека сите одлуки кои се по 59-та година да бидат неважечки.

-Во положба на една широка автономија според таа одлука на СПЦ од 1950 година ние имаме една самостојност, односно една широка афтономија што не е афтокефалност , а доказ за тоа е што постоеше одредба дека остануваме во канонско единство со српскиот патријахар.Тогаш имаше одлука во Уставот, спред која повеќе не важеа српските архиери и епископи и ние тогаш според неа се водевме дека е основа за прогласување на афтокефалност, но тоа никогаш не ни беше прифатено ниту од СПЦ ниту од другите православни цркви. Тоа значи враќање на нашето канонско единство со СПЦ е враќање наназад во една позиција којашто нас повторно не става во рамките на СПЦ со одредена автономија, тоа не е основа, не е вест за МПЦ ,со тоа се испраќа порака дека сите натамошни одлуки кои ги носела македонската црква по 59 година се практично неважечки. Тука првенствено мислам на 1967 година кога ние сме ја прогласиле нашата црковна афтокефалност. Се надевам дека нашите владици не испратиле такво писмо и упатиле барање бидејќи со тоа ти би ја негирале одлуката за афтокефланост, вели тој.

Во однос на тоа што може да очекуваме во врска со нашата желба за афтокефалност, аналитичарот вели дека доколку постои договор каде одлуките по 59-та година не би се важеле тогаш би настанале проблем во црковните односи.

-Јас би се радувал ако грешам во моите проценки и дека зад ова стои некаков таен договор од страна на нашите владици со српските кои имале средба и тоа би било прва фаза по која би дошло до признавање на афтокефалност и од Вселенска патријаршија која испрати позитивен сигнал со тоа што не прими во канонското единство.Меѓутоа треба нашите владици да се произнесат по оваа одлука бидејќи вака испаѓа дека српската страна ја наметнува својата верзија од случувањата, подвлекува аналитичарот.

Тој смета дека нашите владици треба да се произнесат во врска со денешата одлука да не молчат и да кажат за тоа што е договорено како прва, втора и трета фаза.

-Доколку постои вакво сценарио каде одлуките по 59-та година не би се важеле тогаш очекувам да настане проблем во црковните односи и за тоа како би ги воделе преговорите понатаму, вели Ѓоргевски.

Б.М.

Слични содржини