Ѓоргиев: Бугарската блокада ќе влијае на работата на Мешовитата историска комисија

од Nikola Popovski

„Бугарската блокада ќе влијае на работата на Мешовитата историска комисија, но таа треба да продолжи да работи и тоа ќе се случи на 3-ти и 4-ти декември“, изјави членот на македoнскиот историски тим, Драги Ѓоргиев во интервју за емисијата „Слободна зона“ на бугарската телевизија „Европа“.

Според него, надминувањата на недоразбирањата можат да се случат само преку дијалог.

„Доколку престанеме да разговараме, тогаш сигурно нема да има решение на проблемот. Јавноста е и разочарана, но и бесна поради овој потег на Бугарија. Несомнено, тој притисок од јавноста се пренесува и врз членовите на комисијата. Се разбира, политички досега од ниту еден фактор не сме имале притисок, но од медиумите и јавноста е навистина голем. Се чувствува, но како што реков, јас сум за продолжување на работата на комисијата“, истакнал Ѓоргиев, додавајќи дека барањата на Бугарија се апсолутно неприфатливи за Македонија и македонската јавност.

 

Слични содржини