Ѓоргиев: Не бев разрешен, се отстапува од црвените линии усвоени во Парламентот

од Nikola Popovski

Факт е дека моето заминување предизвика внимание во јавноста. Оставка може да поднесе тој што е избран. Јас бев само член на експертска комисија. Тоа се вика престанок на моето учество, вели поранешниот член на Мешовитата историска комисија за преговорите со Бугарија, Ванчо Ѓоргиев за Дневникот на ТВ Сител.

Според него, „Османи дал триумфалистичка изјава дека го разрешиле“.

-Не знам зошто Османи даде таква изјава. Ова е документ кој што е заведен во архивот на МНР. Исто така имам и скрин-шотови од заканите од висок функционер во ресорното министерство, додава Ѓоргиев.

Тој упати две прашања до министерот Бујар Османи.

-Зошто тој тајминг го бираа за да отстапат од црвените линии усвоени во Парламентот. Што бараше високиот функционер за време на средбата на состанокот на Мешовитата комисија, прашува историчарот и вели дека „Османи се однесува како во Османлиско време“.

Тој упати порака до останатите членови во историската комисија „да не ја виткаат кичмата“.

Слични содржини