Ѓоргиев: Се прават митови во историјата кои потоа се злоупотребуваат политички

од Берта Китинска

Апсолутно неприфатливо е политиката да ги решава историските спорови или историчарите да ги решаат политичките спорови. Самокритичноста е основниот елемент кој ќе може да не придвижи напред, а не идејата дека ние ја поседуваме историската вистина за што било, и другата страна мора да ја прифати таа вистина. Тоа е патот кој не води никаде, рече Драги Ѓоргиев, копретседател на Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања.

– Отсекогаш имало политизирање на историјата или историцизирање на политиката на Балканот и тоа е еден од големите недостатоци на нашите историографии, па дури и во учебниците по историја отсекогаш определени личности и настани од минатото се митологизираат. Се прават митови од нив кои потоа се злоупотребуваат политички. Нашата цел како Комисија е токму тоа – да се избегне злоупотребата на историјата во политички цели, бидејќи на Балканот отсекогаш се правело тоа. Нашата цел е во правењето на препораки за подобрување на учебниците да се дадат препораки кои ќе ги апсолутно сведат на нула политизирањето на одредени личности, митологиозирањето, кои потоа се користат во дневно-политички цели, истакна Ѓоргиев .

Тој посочи дека денес разговорите заглавиле околу учебниците по историја за 7-мо одделение.

„Дебатата е за средниот век, односно за претставувањето на државата на Цар Самуил во македонските учебници. Досега постигнавме договор за заедничкото чествување на царот, но втор сегмент е работата на учебниците. Не можеме да прифатиме да се претстави таа држава како единствен и директен наследник на бугарското царство“, потенцира Ѓоргиев.

Македонската страната, како што велат, денеска дала предлози засновани на современите разбирања за историското образование подржани од Советот на Европа и УНЕСКО во кој се уважуваат различните погледи и толкувања за минатото и кој се покажале како применливи во надминување на спорови кои произлегуваат од различното толкување на минатото. Од бугарска страна тие предлози беа одбиени како неприфатливи и применливи.

Слични содржини