Ѓоргиев: Со тврдиот и помалку уценувачки став на Бугарија нема да постигнеме резултати

од Берта Китинска

Изјавата на премиерот Зоран Заев за бришење на придавката „бугарски“ од фашистички окупатор на спомениците и во учебниците е порака до Бугарија дека за историско помирување помеѓу двата народа треба да се разговара, смета  историчарот Драги Ѓоргиев, претседател на макeдонскиот тим во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања.

Според Ѓоргиев, вистинските зборови се „простување, но не заборавање“.

-Кога станува збор за т.н. политики на сеќавање на една нација за своето минато тогаш за носењето решенија за таа политика, сеќавање кое обично се сведува на она што пишува на спомениците и како јавноста го перцепира тоа минато, видено преку очите на политиката, тогаш потребни се многу дебати, разговори, потребно е консензус во јавноста да се донесе одредена одлука на кој начин ќе биде претставен одреден настан или личност од минатото. Оваа изјава на нашиот премиер јас не ја гледам како изјава која веднаш ќе биде спроведена и со која веднаш од утре ќе се тргне на терен да се бришат некои придавки од она што е досега востановено. Повеќе јас ја гледам таа изјава како обид, порака до другата страна дека во однос на историското помирување помеѓу македонскиот и бугарскиот народ треба да се разговара, треба да се разговара за сите болни прашања кои постојат меѓу нас и нив и дека тоа е решението да дојде до помирување, рече Ѓоргиев во интервју за ТВ Сител.

Според Ѓоргие во овој случај науката мора да ја победи политиката.

-Неприфатливо е наместнување на бугарскиот историски наратив над македонскиот. Во овој случај науката мора да ја победи политиката, но со ваков тврд и помалку уценувачки став на Бугарија нема да постигнеме резултати, ако продолжат уцените за отворање на вратите за нас. Тој пат мора да биде двонасочен, изјави Ѓоргиев.

 

 

Слични содржини