Ѓоргиев: Треба да се менува пристапот кон историјата, како предмет во учебниците и изучувањето

од Nikola Popovski

Проф. Драги Ѓоргиев, кој е член на Мешовитата историска комисија и директор на Институтот за национална историја, не е премногу убеден дека во моментов ќе започнат преговори со Бугарија.

„На база на што го слушаме во изјавата на бугарските политичари, смета дека многу тешко ќе се направи некој пробив за започнување на преговорите. Можеби во догледна иднина да, но во моментов не сум преголем оптимист“, вели Ѓоргиев за емисијата „Трилинг“.

Според него, историјата мора да се изучува во училиштата, меѓутоа прашање и дебата треба да се отвори на кој начин и како да се изучува.

„Прашање е каква историја треба да учат децата и на кој треба да им се презентира. Не сметам дека е многу важно за едно дете од 10 години да учи факти од пред 1000 години, со цел тоа да развие национално чувство. Треба да се менува пристапот кон историјата, како предмет во учебниците и изучувањето“, смета историчарот.

 

Слични содржини