Гори борова шума на потегот Будинарци-Митрашинци

од Берта Китинска

ЦУК со ново соопштение за состојба со активни пожари до 8 часот на ден 9.8.2021:

Штипски регион

Пожарите кои беа на две локаии с.Трботивиште-Нов Истевник м.в.Света Вода и с.Разловци, општина Делчево се во потполна контрола и нема никаква опасност од нивно ширење. Екипи кои набљудуваат кои се на местата на пожарот кога ќе се појави некое жариште во изгорениот дел веднаш реагираат од евентуално проширување. Во текот на вчерашниот ден интервенирале кај Разловци: ТППЕ Делчево со 10 пожарникари, ШС Делчево со 5 вработени, АРСМ со 29 припадници , МВР со 40 припадници, Гранична полиција со цистерна, ЈКП Делчево со цистерна и 2ПП екипи од Р. Бугарија. Кај Нов Истевник ШС Делчево со 4 вработени и МВР со 14 припадници. За ден 09.08.2021 година договорено е во гаснењето на пожарот да интервенираат: 1 вработен од РЦУК Делчево, 10 лица со 2 теренски возила од ПС Голак од Делчево, 10 пожарникари со 2 цистерни и 1 теренско возило од ТППЕ Делчево, 5 полициско службеници со 3 теренски возила и 1 камион штаер со цистерна за вода ос 3 тони од РЦ Исток, 6 полициски службеници со 3 возила од МВР ОВР Делчево, 7 лица со 2 теренски возила со 1 тон вода од ЈКП Брегалница, 40 војници од АРСМ, ОО Црвен Крст Делчево и волонтери од месното население со трактори и цистерни за вода, рачен алат за гаснење, а по потреба ќе бидат ангажирани и други сили.

Во општина Берово суште е активен пожарот на потегот Будинарци-Митрашинци каде што гори борова шума. Екипите што беа на терен се повлекуваат за да во раните утрински часови повторно ќе излезаат на терен. Ќе останаат набљудувачи што ќе ја следаат состојбата, а доколку има потреба да се мобилизираат останатите екипи. Загрозени села од пожарот во моменот нема. Во текот на вчерашниот ден интервенирале: АРСМ 22 припадници, ПП Австрија 60 припадници, ПП Словенија 45 припадници,Месно население 15 и Останати субјекти околу 60 лица.
Според известувањето од ТППЕ Штип, во 12:00 часот добиле дојава за пожар кој избувнал во атарот на с. Драгоево и с.Селце во општина Штип каде гори сува трева, смрека и нискостеблеста шума. Во гаснењето на пожарот интервенирале 4 лица од ШС Серта од Штип и 4 пожарникари со 1 ПП возило. Пожарот е сеуште активен, а со гаснењето ќе се продолжи во текот на денешниот ден.

Скопски регион

Пожарот кај Раовиќ– Буковиќ се движи кон сртот, нема опасност за селата, гори мешана шума и е на доста непристапен терен. На место на пожарот е отидена екипа од БППЗ на Град Скопје. Остварен е контакт со одговорно лице од Ловиштето- Јасен кој пренел дека пожарот е до сртот, тие на лице место имаат 8 луѓе кои прават напор да се задржи огнот. Гори мешана шума, смрека, висока трева, и доколку го смени правецот луѓето ќе бидат во опасност. (општина Сарај).

Во врска со пожарот кај Катланово, односно Дивље и Крушје, поради интевенција од воздух, гасењето од земја било оневозможено. БППЗ на терен се со 1 возило и 5 пожарникари, а екипата од ШС Караџица целосно е повлечена. (општина Петровец).

Битолски регион

Во текот на вчерашниот ден повторно е реактивиран пожарот кај с.Топлица, општина Прилеп, покрај магистралниот пат Прилеп-Градско. Според последните информации реактивираниот пожар се движи кон атарот на село Крстец. Гори дабова и букова шума и сува трева. Во текот на вчерашниот ден во гаснењето на пожарот интервенирале ТППЕ-Прилеп со 1ПП возило и 3 пожарникари и 5 вработени од ЈП ,,Црн бор“-Прилеп. Во интервенцијата учествуваат и припадници на АРМ. На локацијата на пожарот делувано е и од воздух (1 налет на канадер), но пожарот е сеуште активен. Утрово во гаснењето на пожарот интервенираат 3 пожарникари со 1 Пп возило и 5 вработени од ЈП ,,Црн бор“-Прилеп.

Кумановски регион

Од ноќеска повторно е активен пожарот во атарот во с. Дренк ( на тромеѓа помеѓу с.Дренк -Жељубино- Аљинце). Екипата на ТППЕ со 1 теренско возило и 5 пожарникари интервенира од 20,30 часот со напртњачи, во интервенцијата учествуваат и 2 мештани. Екипата е сеуште на терен и работат на негово гаснење, соопштија од ЦУК.

Слични содржини