ГОРИ ВО МИЛАНО: Инцидент помеѓу Ибрахимовиќ и Лукаку (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Едно од најголемите дербија во Европа се игра во Италија, во натпреварувањето од Купот, каде Интер игра против Милан, а првото полувреме го одбележа инцидент. Главните улоги ги имаат двајцата најдобри напаѓачи во тимот, Ромелу Лукаку и Златан Ибрахимовиќ.

Не е многу јасно што го предизвика инцидентот, а врз основа на видео клиповите се чини дека Ибрахимовиќ со коментар го испровоцира Лукаку. Следуваше бурна реакција, а поголем инцидент спречија соиграчите на двата тима. Двајцата заработија жолт картон.

Инаку, Милан на полувреме води со 1: 0, со голот на Ибрахимовиќ.

Слични содржини