Gorilla Glass 6 ги прави паметните телефони поцврсти (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Мобилните уреди од следната генерација ќе станат пцврсти и поотпорни благодарение на новото стакло Gorilla Glass 6, презентирано оваа недела од Corning.

Во новиот производ е вклучено 10-годишно искуство во развојот на Gorilla Glass – тоа е најцврстото заштитно стакло на Corning во моментот. Се вели дека Gorilla Glass 6 е супериорен во однос на неговиот претходник Gorilla Glass 5, со не само што издржува при паѓање од повисока височина, туку издржува и поголем број на падови.

Според студија на Toluna, на луѓето во просек им паѓаат телефоните седум пати годишно, а повеќе од 50% од падовите се повисоки од 1 метар. Со оглед на овие податоци, Corning разви сосема нов, потраен материјал.

Лабораториските тестови покажаа дека заштитното стакло Gorilla Glass 6 издржува во просек 15 падови од височина од 1 метар на тврди површини, што е двапати подобар показател, во споредба со Gorilla Glass 5.

Corning тврди дека новото стакло Gorilla Glass 6 е исто така погодно за употреба на задниот панел на паметни телефони. Производот моментално го вреднуваат производителите, при што првите уреди се очекува да бидат достапни на пазарот во наредните месеци.

https://www.youtube.com/watch?v=HShYmocheBY

Слични содржини