Горивата по полноќ со нови цени

од Берта Китинска

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40 отсто во однос на претходната одлука.

Со оваа одлука, малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95 и на Еуродизел (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 денари за литар, додека малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1 денар за литар. Малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 0,422 денари за килограм.

– Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,860 проценти, кај дизелот за 1,390 отсто, кај екстра лесното масло за 1,407 проценти и кај мазутот има зголемување е за 0,959 отсто – наведуваат од РКЕ во соопштението.

Од вечерва на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Еуросупер БС – 95 108,50 (денари/литар)

Еуросупер БС – 98 110,50 (денари/литар)

Еуродизел БС (Д-Е V) 103,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 102,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 53,727 (денари/килограм)

Слични содржини