„Горка карамела“ за Јунајтед на Олд Трафорд!

од Nikola Popovski

Манчестер Јунајтед и Евертон ги поделија бодовите во првиот натпревар од натпреварот од 7.коло во Премиер лигата. Натпреварот заврши 1: 1.

Солшер ги изненади сите со својата одлука да ги остави Роналдо и Погба на клупата. Во првиот дел беше забележан изедначен натпревар, иако Манчестер имаше многу поголем посед на топка. „Ѓаволите“ можеа да поведат во шестата минута, кога Марсијал беше за малку непрецизен, а во 21. минута, Пикфорд го запре обидот на Кавани.

Евертон ја имаше првата шанса преку Греј во 34. минута, но Де Геа одбрани одлично. Домашниот тим дојде во водствот преку Марсијал на асистенција на Фернандез во 43. минута, па со резултат 1: 0 се замина на одмор.

До 65. минута немаше многу возбудувања во натпреварот. Во меѓувреме наместо Кавани и Марсијал влегоа Роналдо и Санчо. Во споменатата 65. минута, Таусенд го искористи додавањето на Дукуре и донесе израмнување за популарните „Карамели“ од Ливерпул.

Во продолжението, Јунајтед напаѓаше, но залудно. Во 86. минута, Мина го постигна вториот гол за Евертон, но беше поништен поради офсајд, па така езултатот не се промени до крајот.

И Јунајтед и Евертон имаат по 14 бода, како и водечкиот Ливерпул, но Манчестер и Евертон имаат натпревар повеќе.

 

Слични содржини