Горниот дом на австрискиот Парламент го поддржа законот за задолжителна вакцинација

од Milan1

Горниот дом на австрискиот Парламент усвои закон со кој вакцините против коронавирус ќе бидат задолжителни за возрасните, што е прв таков потег во Европската унија. Околу 69 отсто од австриското население е целосно вакцинирано против коронавирус, што е една од најниските стапки во Западна Европа.

Со овој потег, новата Влада остана на одлуката што ја објави поранешниот канцелар во ноември, и покрај сомневањата дека таа никогаш нема да биде целосно спроведена.

Заложбата, која треба да се спроведува во фази, најверојатно ќе стапи на сила во рок од неколку дена, но полицијата ќе почне да проверува дури на 15 март за да види дали луѓето се вакцинирани. Подоцна, во третата фаза, ќе почнат потемелни проверки кога ќе профункционира регистарот за вакцинација.

– Се надевам дека третата фаза воопшто нема да ни биде потребна. Ако експертите проценат дека не е неопходно, ако уставните адвокати кажат дека не е пропорционално, третата фаза нема да се случи, изјави министерот за здравство Волфганг Мукенштајн за радиото ОРФ неколку часа пред усвојувањето на за онот со 47 гласа „за” и 12 „против”.

Слични содржини