„Господин Лига на шампиони“: Голот на Роналдо за големиот пресврт на Јунајтед (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Манчестер Јунајтед ја победи Аталанта по големи пресврт со резултат 3:2 во 3. коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Тимот од Бергамо имаше 0:2 по првите 45 минути игра, но во продолжение „црвените ѓаволи“ направија пресврт.

Прво, Маркус Рашфорд и Хари Мегваер ја „анулираа“ предноста на Аталанта, а за целосен пресврт се погрижи Кристијано Роналдо. По долга акција, топката ја испрати Лук Шо во шеснаесетникот, а Роналдо со глава го совлада голманот на Аталанта.

Не го нарекуваат „господин Лига на шампиони“ за џабе. Тој е најдобар стрелец на ова натпреварување со 137 гола. За да бидат работите подобри, вчера со гол го разубави својот јубилеј – 300 -ти натпревар за Манчестер Јунајтед.

Слични содржини