Гости по грешка послужени со црвено вино од 5.000 евра

од desk2

Среќен гостин во Манчестер по грешка бил послужен од келнерот со ретко црвено вино во вредност од 4.500 фунти (5.150 евра), објави BBC.

Ресторанот “Hawksmoor Manchester” на Твитер објави дека се надева дека гостинот уживал во вечерaта откако по грешка бил послужен со шише Chateau le Pin Pomerol од 2001 година.

Ресторанот му порачал на келнерот дека нема да биде избркан од работа поради грешката, простувајќи му ја скапата грешка затоа што тоа се случува и дека секако го сакаат.

Ресторанот доби пофалби на социјалните мрежи бидејќи не го нападна келнерот.

Според онлајн водичот Cult Wines, произведени се само 500 пакети од ова вино, опишано како пијалок за кој се направени исклучителни напори, што резултираше со длабока црвено-виолетова боја проследена со извонреден мирис на “creme de cassis”, цреша, слива, слатка, карамела и зашеќерен тост “.

Не е познато која цена е наплатена на гостинот за ова вино.

Слични содржини