Гостин на руско радио: „Млади мажи треба да се праќаат во војна, постарите не се здрави“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Помлади мажи треба да бидат испратени на првата линија на фронтот во Украина, бидејќи мажите над 40 години се нездрави поради постојаното консумирање алкохол, изјави рускиот автор Дмитриј Пучков како гостин на радиото Комсомолскаја Правда, пренесува Newsweek.

За време на разговорот со Иван Панкин, водителот на Комсомолскаја Правда, Пучков рече дека составот на руската армија ќе мора да се ревидира.

Тој смета дека помладите мажи треба да се обучуваат за војна бидејќи тогаш руската влада нема да мора да плаќа компензација за толку многу вдовици. Пучков, познат и како Гоблин, е преведувач, автор и сценарист од англиски на руски филмови и видео игри.

„Наместо четириесетгодишници со високо образование, работа, жена и три деца, во војна да се праќаат обучени осумнаесетгодишници. Според тоа, државата не би морала да им плаќа отштета на вдовиците и децата. Колку и да звучи цинично, 18-годишниците треба да одат во војна“, наведува тој.

Слични содржини