Гостивар се задолжи дополнителни 2 милиони евра: Таравари посочи дека пандемијата го направи своето

Нови дополнителни 2 милиони евра долг за општина Гостивар. Ова следува по намалените приходи од локалната економија во општинската каса и дополнителни трошоци, со што долгот порасна на вкупно 3 милиони евра.

По однос на листата за задложеност, сега општината Гостивар го зазема шестото место. Градоначалникот Арбен Таравари нагласи дека во овој период државата не помогнала со ниту еден денар.

Минатата година во овој период, општина Гостивар имаше долг од нецел 1 милион евра, а разликата која сега се создаде, според Таравари е поради ефектот што пандемијата го донесе и се одрази врз локалната економија.

„Доволно е да ги погледнете податоците од општината кои се јавен карактер и ќе ги видите резултатите. Тоа не е случај само со Гостивар, во долгови се други општини. Еве Тетово на пример е во долгови три пати поголеми од нас. Тие должат девет милиони евра. Според задолженост ние сме на шестото место, иако според големината сме на четвртото место“, истакнаТаравари.

Според Травари, оценката е дека минатата година била тежок период во кој покрај намалените приходи, локалната самоуправа се соочила и со блокирање на сметката. Според првиот човек, на целата работа негативно влијаел и односот на државата која селективно помагала.

„Имавме и период кога немамвме никакви приходи. Сепак сакам да потенцирам дека ние немавме никаква поддршка. Не сме добиле помош од државата или пак друга институција; Не добивме ниту ракавици, ниту маски, за разлика од други општини. За каква селективност станува зборе ќе го наведам и податокот, дека од 35 милиони евра, средства кои беа наменети за изградба на аеродром во Штип, ние не добивме еден денар“, заклучи Таравари.

Тој искажа оптимизам и се надева дека состојбата ќе се подобри доколку поминат неколку закони кои се однесуваат на финансирањето на општините.

Слични содржини