Готово е! Нова ВЛАДА во наредните неколку дена!

од Vladimir Zorba

„Надминати се голем дел во ставовите со ДУИ“ – изјави Заев по средбата со Ахмети во Мала Речица. Лидерот на ДУИ пак Али Ахмети исто така рече: „меѓу двете партии има разлики околу употребата на албанскиот јазик, но тие разлики не се многу големи“. И се тоа како добра најава за финиширан договор за ставање потписи за парламентарното мнозинство и за  новата влада на СДСМ и ДУИ, Алијансата на Албанците и БЕСА.

Она што е суштински важно за граѓаните, и за политиките ништо не е на штета на никого и сите договорени работи меѓу ДУИ и СДСМ, не излегуваат надвор од Уставните решенија на државата.

Уште попоедноставено  извори од преговарачкиот процес тврдат дека тоа што Заев го допрецизирал вчера со Али Ахмети е многу помалку од тоа што Груевски му го понудил на Ахмети, но ќе остане енигма дали тоа може така да се вага. Вистинскиот одговор и тука зависи од Али Ахмети дали тој ќе сака да го објави договорот со Груевски што му го понудил,за да направат заедничка влада, и на какви се отстапки било подготвено ВМРО ДПМНЕ. Извори на ДУИ за Локално.мк тврдат дека  не е исклучено Ахмети, токму поради таа „доверба“ и до остане лојален до крај со Никола Груевски и иако неговата партија веќе ги  визирала потписите за СДСМ, дека во тој куп можеби тој , ама само тој , да остане на страната на Никола Груевски.

Потписите веројатно ќе бидат собрани денеска, а веќе утре Зоран Заев ќе ги однесе кај претседателот Ѓорѓе Иванов за да го добие мандатот за формирање нова влада. Тука почнува рокот од 20 дена за составување на новата влада, во кој меѓу период ќе треба да се комплетира новиот парламент.

Тоа ќе значи избор на претседател на парламентот кој ќе може да свика седница за изгласување на нова влада и потоа распишување на локалните избори. И според договорот на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ тоа место најверојатно ќе биде  за некоја од албанските партии, иако се тоа ќе се усогласува викендов.

За очекување е таа процедура целосно да заврши со почетокот на наредната седмица.

Решенијата се во рамките на уставот, потенцираше вчера  Заев.

– Желбата на СДСМ е да добиеме уставни решенија за употреба на решенијата. Не треба да дозволиме нешто што е надвор од Уставот. Ако имаме разлики, ќе го одложиме за 6 месеци и ќе имаме јавна дебата за граѓаните да одлучат, рече Заев.

Според него, лидерската средба ќе се случела порано, но им требале мислења и од експертите бидејќи сакале добри закони.

– Многу често експертите од СДСМ и од ДУИ седнуваат заедно. Уште вечерва ќе ги пренесам на работната група деталите за да може да продолжат со разговорите. На крајот или ќе има или ќе нема потписи. Јас сум тој што ги чека потписите, ама Уставот не го чепкаме во никој случај. Прилично сме блиску до договор, рече Заев.

Тој кажа дека се согласиле за рамноправна распределба на буџетите за сите општини во државата.

– Мислам дека и ДУИ неколку пати потенцираше, решенијата се во рамки на Уставот.

 

Ние разговараме за уставноста на решенијата, вели лидерот на СДСМ.

 Во сличен тон и лидерот на ДУИ Али Ахмети.
На средбата не разговаравме за потписите, туку за разликите кои ги имаме со СДСМ, рече лидерот на ДУИ Али Ахмети по средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој кажа дека сега  ќе свика централно претседателство каде ќе се донесе одлука за  потписите на СДСМ  и за составување на нова Влада.

Ахмети нагласи дека официјална употреба на албанскиот јазик е загарантирана со Уставот, а разликите кои ги имаат со СДСМ не се големи.

На новинарско прашање, Ахмети рече дека разговорите со Заев се одвивале нормално на македонски јазик.

Средбата помеѓу двајцата лидерите траеше два часа. Денеска  преговарачките тимови на двете партии ќе ги допрецизираат решенијата во рамките на договорот кој што е постигнат синоќа, и се очекува почнување на процесот на новата влада на СДСМ и колиционерите ДУИ, Алијанса на Албанците и потписите на БЕСА, кои засега се на план да ја поддржат но не и да бидат внатре во Владата на Зоран Заев. Како е да е ова е договорено, иако ништо во македонските договарања не е конечно додека не се случи.

ВМРО ДПМНЕ, за сега се без коментар за синоќешните разговори   на Заев и Ахмети.

Слични содржини